Русите го освоија златото во хокеј на ЗОИ 2018

Хокеарите на Русија го освоија златниот медал на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, славејќи во финалето против Германија дури во продолжението со 4-3.

Победоносниот гол за Русите го постигна Кирил Капризов овозможувајќи и на Русија да го освои првото олимписко злато во хокеј по цели 26 години, од Игрите во 1992 година во Албервил.

Капризов во финалето имаше и уште три асистенции, а два гола плус и со две асистенции имаше Никита Гусев. Гусев всушност ја спаси Русија со гол на 55 секунди пред крајот на регуларниот дел израмнувајќи на 3-3 за продолжение.

Германија, пак, со освојувањето на сребрениот медал стигна до најдобар резултат во својата историја во хокеј на едни Зимски олимписки игри.

Се вчитува...