Русите најдоа замена за забранетиот „мелдониум“ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
22/08/2017 22:22
Кошарка
22/08/2017 20:10
Кошарка
22/08/2017 15:25
Меѓ. Фудбал
22/08/2017 13:31

Русите најдоа замена за забранетиот „мелдониум“

Русите најдоа замена за забранетиот „мелдониум“

Руската државна медицинска агенција соопшти дека пронашла нови понапредни лекови како замена за „мелдониумот“. Тоа е забранетата супстанца поради која беа суспендирани бројни спортисти меѓу кои и тенисерката Марија Шарапова.

Докторот на Медицинско-биолошката академија, Владимир Ујба, изјави дека Русија пронашла неколку лекови кои не се забранети, а кои имаат многу подобро дејство од „мелдониумот“, пренесуваат руските медиуми.

Од Медицинско-биолошката академија која е задолжена за медицинската поддршка на руските репрезентации во повеќе спортови, не објавија за кои лекови се работи и дали нив веќе ги користат руските спортисти.

Марија Шарапова беше меѓу 100 спортисти кои беа позитивни на лекот за срце, „мелдониум“, кој на почетокот на минатата година беше ставен на листата на забранети супстанци. Повеќето од овие спортисти беа ослободени од вината, откако докажаа дека престанале да земаат „мелдониум“ пред тој да биде забранет, а Шарапова беше суспендирана затоа што ја употребувала оваа супстанца после 1 јануари 2016 година.

Лани руската тенисерка призна дека од здравствени причини веќе десет години употребува „мелдониум“. Двегодишната суспензија на Шарапова потоа и беше намалена на 15 месеци и таа ќе се врати на тениските натпревари на турнирот во Штутгарт што стартува на 26 април.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.