Русите со лекција по хокеј за Американците: Убедлив триумф од 4-0!

Хокеарите на Русија го запишаа вториот триумф на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, славејќи убедливо во Групата Б против селекцијата на САД со 4-0 (1-0,2-0,1-0).

Русите им одржаа вистинска лекција по хокеј на Американците комплетно доминирајќи во текот на целиот меч. Ковалчук и Прохорин со по два гола беа предводниците на Русија во триумфот против САД.

По оваа победа, сега Русија е на првото место во групата со 6 бода, додека САД остана на претходните 4 бода.

Во вториот натпревар во Групата, Словенија ја победи Словачка по изведувањето на пеналите, откако по регуларните три период заврши без победник 2-2.

Се вчитува...