Сабате: Има во нас огромна мотивација да го победиме и Вардар!

ЕКИПА во Брест, Белорусија

Томас Ѓорѓиевски

Тренерот на Веспрем, Хавиер Сабате не го криеше задоволството од пласманот на неговиот тим во третото едноподруго финале во СЕХА лигата, потенцирајќи на прес-конференцијата по мечот дека се повеќе од подготвени за квалитетна пресметка со Вардар и освојување на нов трофеј во регионалното натпреварување.

„Одигравме фантастично полуфинале. И двата тима играа на високо ниво. Како изминуваше времето, така игравме подобро, поконцентрирано. Џамали и Стојковиќ одиграа орекрасен натпревар, секоја чест до нив и тимот на Мешков. По втор пат овој двобој мораше да добие победник по изведувањето на пенали, мило ми е што повторно тоа е мојот тим. По ваква победа имаме голема мотивација да го победиме и Вардар, кој исто така одигра феноменално против Загреб. Им посакувам среќа на Мешков Брест во мечот за третото место против ППД Загреб“ – изјави Сабате.

Се вчитува...