Сабате: Вардар беше подобар во секој сегмент

ЕКИПА во Брест,

Томас Ѓоргиевски

Тренерот на Веспрем, Хавиер Сабате им ја честиташе титулата на Вардар, признавајќи дека македонскиот првак беше подобар тим во вечерашното финале.

„Како што кажав пред два дена, Вардар секоја година е се подобар и подобар. Годинава заслужија да бидат шампиони, тоа е неспорно. Сите ја завршија работата перфектно. Им посакувам се најдобро во четвртфиналето на ЛШ. Мојот тим одигра страшно добар меч, особено во второто полувреме. Од тука заминуваме со позитивна енергија, фокусот сега е насочен кон Лигата на шампионите. Им благодарам на сите за гостопримството“ – изјави Сабате.

Крилото на унгарскиот првак, Драган Гајиќ испрати честитки до шампионот Вардар, посочувајќи го Арпад Штербик како човек на одлука во ова финале.

Вардар го заслужи ова, работеа напорно цела сезона, па одлично е што вака се наградуваат. Тешко да ги совладате Штербик кога ќе му тргне од рака, но и целиот тим кога така добро се организирани во нападот. Мечот го загубивме на наши грешки, со неколку изгубени топки кога беше најважно. Но, тоа е тоа, ни преостанува да се подготвуваме за нокаут фазата во ЛШ и за унгарскиот куп“ – изјави Гајиќ.

Се вчитува...