Сабате: Вардар го има најдобриот светски тренер во моментов! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
22/06/2017 22:35
Фудбал
22/06/2017 22:12
Фудбал
22/06/2017 21:43
Фудбал
22/06/2017 19:15

Сабате: Вардар го има најдобриот светски тренер во моментов!

Сабате: Вардар го има најдобриот светски тренер во моментов!

ЕКИПА во Брест, Белорусија

Томас Ѓорѓиевски

Тренерот на актуелниот шампион во СЕХА лигата, Хавиер Сабате на ден пред новото финале со Вардар не ги штеди пофалбите за стратегот на македонскиот шампион, Раул Гонзалез.

Според Сабате, Раул Гонзалез во моментов е најдобриот тренер во светот, без никакви сомнежи…

„Откако Гонзалез и Дејвис дојдоа во Вардар, тимот израсна во една велесила, со многу квалитетни играчи, кои одлично го сработуваат она што Раул ќе им го каже. Без никакви сомнежи, Раул во моментов е најдобриот тренер на светот, Вардар може да биде среќен што има тренер како него, вистински професионалец. Сезонава во Лигата на шампиони не успеавме да забележиме победа против нив, па се надевам дека оваа наша трета средба ќе заврши во наша корист. Секако тие ќе бараат одмазда поради поразот од минатото финале, знам дека тоа ќе им биде најголемата мотивација. Но, ние сме погдотвени за секој предизвик. Очекувам финале во вистинската смисла на зборот“ – изјави Сабате на денешната средба со медиумите пред утрешната финална пресметка во Брест.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.