Сафет Сушиќ: Нема вистина дека го преземам Косово

Легендарниот босански фудбалер Сафет Сушиќ ги деминтира гласините кои се појавија изминативе денови дека ја презема клупата на репрезентацијата на Косово.

„Не сум ниту блиску до Косово. Не затоа што има застој во преговорите, туку затоа што и воопшто нема никакви преговори. Никој од Приштина апсолутно не ми се јавил да праша и дали сум заинтересиран, а не па нешто друго“ – вели Сушиќ, кој на прашањето дали би прифатил таква понуда вели:

„Немам манир да зборувам хипотетички, но ќе ви кажам како размислувам. Не би прифатил да водам ниту една репрезентација во светот, ако нема силни натпреварувачки амбиции, односно реални шанси да се пласира на ЕП или СП“.

Косово во моментов во квалификациите за СП 2018 е последнопласирана селекција во групата заедно со Хрватска, Исланд, Турција, Украина и Финска.

Се вчитува...