Сакристан ги утеши: Вардар не беше толку лош…

Вардар доживеа нов дебакл во Лигата на Европа, откако загуби од Реал Сосиедад со 0-6 во третиот натпреар од групната фаза. По „петардата“ од Зенит, сега и шест гола од баскискиот состав. Тренерот на гостите, Еузебио Сакристан, беше „милозлив“, го повлече од игра четирикратниот стрелец Вилијан Хозе во 60.минута, па можеби беше избегнат и поубедлив пораз.

По натпреварот, тој ги утеши „вардарци“, дека и не биле толку лоши на теренот. Секако, го пофали својот тим.

„Победата е целосно заслужена. Успеавме брзо да постигнеме еден погодок, а по вториот и третиот гол почувствувавме мало олеснување дека ќе ги освоиме бодовите. Задоволен сум од мојот тим, го имавме потребниот ритам, а кога сме во таков елемент, верувајте дека имаме капацитет да победиме и поголеми тимови од Вардар. Мислам дека не беше противникот толку инфериорен, но ние бевме навистина ефикасни и надмоќни. Навистина, не мислам дека Вардар играше толку лошо“, изјави Еузебио Сакристан.

Се вчитува...