Сакристан: Имаме обврска да победиме во Скопје

Шпанскиот тим Реал Сосиедад пристигна во Скопје со намера да го победи македонскиот првак Вардар на утрешниот меч од Лигата на Европа. Во третото коло од групата Л, „вардарци“ ќе ги одмерат силите со силниот состав што го предводи Еузебио Сакристан. А за него, нема дилеми. Тој вели дека Реал Сосиедад има обврска да победи во Скопје, иако го респектира апсолутно Вардар како квалитетен тим.

„Нашата цел е да се пласираме понатаму, во нокаут фазата од ова натпреварување и да стигнеме далеку, а за тоа да се случи имаме обврска да победиме утре во Скопје. Се надевам дека ќе одиграме квалитетен натпревар и дека на крајот ќе се радуваме. Секако, имаме максимален респект за Вардар, кој и досега покажа е дека навистина тим што заслужува да биде дел од Европа. Имаме респект, но не треба да се исплашиме од предизвикот и очекувам триумф“, порача Еузебио Сакристан, тренерот на Реал Сосиедад на денешната прес – конференција на „Филип Втори“.

Се вчитува...