Само двајца фудбалери ќе си заминат од Монако ова лето

Монако игра одлична сезона и во францускиот шампионат и во Лигата на шампионите, па нормално е што големите европски клубови се интересираат за голем број фудбалери на „кнезовите“. Сензацијата Мбапе, Фабињо, Менди, Бернардо Силва, Бакајоко, Лемар, Фабињо, Сидибе…, секако и Фалкао, се наоѓаат на листата на желби на гигантите од Премиер – лигата, Примера и Бундес-лигата. Прсти сака да вмеша и актуелниот француски првак Пари Сен Жермен, за да го ослаби својот голем конкурент во домашното првенство.

Но, тренерот на Монако, Леонардо Жардим, побара од раководството на клубот да дозволи продажба само на двајвца првотимци во летниот преоден рок. Доколку се случи поголемо одлевање на кадарот, тогаш тимот нема да може тоа да го издржи.

„Посакувам да останеме во овој состав, и секако, да се засилиме на одредени позиции. Но, тоа едноставно не е можно. Знам дека неколку фудбалери на Монако се желби на големите европски клубови, но побарав од раководството да дозволи да си заминат само двајца. Само на таков начин ќе можеме и следната сезона да бидеме конкурентни со најдобрите“, изјави Леонардо Жардим.

Според француските медиуми, најблиску до заминување се Тиму Бакајоко, играчот за врска кој речиси е договорен за трансфер во Челси, како и плејмејкерот Бернардо Силва. За него се интересираат Баерн Минхен, ПСЖ, Јувентус, а во последно време и Реал Мадрид.

Монако утревечер на домашен терен го пречекува Јувентус во првиот меч од полуфиналето во Лигата на шампионите.

Се вчитува...