Само една пречка ги дели Севилја и Јоветиќ од долгогодишна соработка

Севилја со сите напори го притиска раководството на Интер да ја намали договорената цена за Стеван Јоветиќ, која според клаузулата има вредност од 14 милиони евра. Оваа цена првично била во договорот помеѓу двете екипи, кога Јоветиќ во зимскиот преоден рок пристигна во Шпанскиот клуб како позајмен играч, па двете страни се согласиле доколку дојде до ситуација Јоветиќ да биде продаден на Севилја до 14. јуни, цената да биде 14 милиони евра, но сега цената за него е висока за клубот од „Рамон Санчез Писхуан“.

Претседателот на Севилја, Оскар Ариас се обрати преку официјалната интернет страница на клубот.

„Прво мораме добро да ја анализираме ситуацијата на Јоветиќ. Јасно е дека ние сакаме да го задржиме, но прво мора да разговараме со тренерот (Хорхе Сампаоли) за да видиме каков тип на фудбалери преферира, па доколку профилот на Јоветиќ му одговара, тогаш ние ќе се обидеме да го оствариме тој трансфер. Ситуацијата моментално е деликатна, но задржувањето на Јоветиќ е еден од приоритетите за новата сезона, а ќе биде идеално да го добиеме за помала цена“, истакна првиот човек на Севилја.

Поранешниот играч на Манчестер сити и Фиорентина, одигра 29 натпревари во сите конкуренции за Севилја, на 21 меч во Ла Лига постигна шест гола, а асистираше на четири.

Се вчитува...