Само Пике отсутен на првиот собир на Шпанија

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике го пропушти првиот тренинг на репрезентацијата на Шпанија поради настинка, со тоа што веќе му создава грижи на селекторот Лопетеги за претстојните пријателски мечеви. Фудбалерот не се наоѓа во најдобра здравствена состојба, но се надеваат дека Пике ќе биде подготвен да настапи против „панцерите“ во петок во Дизелдорф.

„Црвената фурија“ треба да се соочи со актуелниот светски првак Германија и вицепрвак Аргентина, првите контролни натпревари за мундијалот во Русија. Во составот на Лопетеги се најдоа тројца дебитанти, Дани Парехо од Валенсија, Маркос Алонсо од Челси и и Родри Ернандез од Вилјареал.

Се вчитува...