Сампаоли го избриша Игуаин за најважните средби

Аргентинскиот селектор Жорге Сампаоли повлече храбар потег бришејќи го Гонзало Игуаин од списокот на играчи за клчните средби на „гаучосите“ за пласман на СП 2018 во Русија.

Аргентинците на 6 октомври го играат најважниот меч на домашен терен со Перу, по што на 11 октомври во последното коло му гостуваат на Еквадор, средби на кои Сампаоли реши да не смета на голгетерот на Јувентус. Игуаин е еден од низата фудбалери кои играат многу подобро на клупски план отколку во дресот на аргентинската репрезентација, а Сампаоли беше разочаран од неговиот придонес на претходните натпревари, по што ја донесе ваквата одлука.

Во нападот се очекува да се појават Меси, Дибала и Агуеро, а Сампаоли реши за овие две средби во националниот тим да ги повика Папу Гомез од Аталанта и Емануел Мамана од Зенит.

Аргентина моментно се наоѓа на делба на четвртото место на табелата со селекцијата на Перу, со еден бод предност во однос на шестопласираниот Чиле. Само најдобрите четири селекции обезбедуваат директен пласман на СП 2018, додека петтопласираната ја очекува бараж пресметка за виза за Русија.

Се вчитува...