Сампаоли го „избриша“ светскиот првак од фаворитите за мундијалот во Русија

Селекторот на Аргентина, Жорге Сампаоли ги посочи трите селекции кои се фаворити за освојување на Светското првенство кое ќе се одржи во Русија следната година. Според него, Бразил, Франција и Шпанија се меѓу главните кандидати, додека актуелниот светски шампион Германија не спаѓа во оваа група.

„За мене, Бразил, Франција и Шпанија се фаворитите за освојување на Светското првенство. Овие репрезентации имаат поголеми шанси пред Аргентина, уште еднаш ќе повторам, тоа е мое мислење. За Германија не сакам да ме прашувате, не заборавив да го посочам со останатите, туку не ми се допаѓа како тие играат фудбал“, истакна Сампаоли.

Очигледно поразот од „панцерите“ во финалето пред три години се уште боли, иако сегашниот селектор на „гаучосите“ не ја предводеше репрезентацијата на претходниот мундијал, Аргентина до финалето успеа да стигне под водство на Алехандро Сабелја.

Се вчитува...