Сампаоли потврди: Ја напуштам Севилја за да бидам селектор на Аргентина - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Кошарка
28/07/2017 0:03
Ракомет
27/07/2017 20:56
Фудбал
27/07/2017 20:21
Ракомет
27/07/2017 13:26

Сампаоли потврди: Ја напуштам Севилја за да бидам селектор на Аргентина

Сампаоли потврди: Ја напуштам Севилја за да бидам селектор на Аргентина

Севилја утре ќе ја пречека Осасуна во рамките од последното коло во Примера дивизион, што воедно ќе биде и последен натпревар на Жорге Сампаоли како тренер на клубот од Андалузија. Одличниот аргентински стручњак веќе извесно време беше поврзуван со враќање во татковината, за на денешната прес-конференција тој дефинитивно да потврди дека следниот ангажман ќе му биде како селектор на аргентинскиот национален тим.

Никогаш не би ја напуштил Севилја предвреме за друг клуб, но ова е друго, ова е мојата земја, мојата репрезентација. Нормално е срцето да влече кон прифаќање на шансата што се укажува еднаш во животот“ – изјави Сампаоли.

Тој откри дека веќе дискутирал на оваа тема и со челниците на клубот, кои ги прифатиле неговите аргументи за разделба.

Претседателот ги разбра моите причини. Јас имам договор со Севилја на уште една година, Аргентина ќе треба да испрати официјална понуда, но добив ветување дека тие разговори ќе течат позитивно за што поскоро да се постигне целосен договор. Во меѓувреме, јас со нетрпение го очекувам последниот меч против Осасуна за со победа да ја заокружиме оваа сезона“ – истакна аргентинскиот стручњак.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.