Самсоненко: Ако има судиска неправда, ќе се повлечам од ракометот - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Кошарка
23/11/2017 21:55
Фудбал
23/11/2017 20:53
Кошарка
23/11/2017 19:42
Фудбал
23/11/2017 19:31

Самсоненко: Ако има судиска неправда, ќе се повлечам од ракометот

Самсоненко: Ако има судиска неправда, ќе се повлечам од ракометот

Првиот човек на Вардар, Сергеј Самсоненко, на неколку дена пред четвртфиналната пресметка со Фленсбург откри дека сериозно стравува од судиска неправда, каква што според него била вршена врз „црвено-црните“ и во претходните неколку години. Во ситуација кога тимот треба максимално да се фокусира на битката на теренот, рускиот газда на денешната прес-конференција јавно истакна дека е загрижен од „теорија на заговор“ против македонскиот првак.

За мене е ова многу сериозен и важен момент. Благодарност до претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, на генералниот секретар Филип Милошевски и на Господинот Михајло Михајловски, претседателот на СЕХА, што најдоа време да дојдат за овој наш за нас важен момент пред четвртфиналето. Ова е четврта година по ред што играме во четвртфинале., За нас е многу важна затоа што четири години по ред се бориме на спортски терен и надвор од спортскиот терен со една цел да влеземе на Ф4 во ЛШ. Многу поминавме во ова време. Во нашата екипа имаше и добри и лоши моменти, но ние секогаш имавме една цел. Имаме лоши информации, не сакам да зборувам за тоа, без разлика што и да се случи, ние ќе дадеме се од себе за да го поминеме Фленсбург. Единствено што сакам да поставам прашање пред јавноста е дали го заслуживме ова? Мислам дека ние го заслужуваме ова за се што правиме, не само за развојот на нашата екипа, туку и на целата инфраструктура, младите категории, тоа е иднината на македонскиот ракомет“ – истакна Самсоненко.

ЕХФ за судии на првиот натпревар ги одреди Словенците Крстиќ и Љубиќ, но затоа реваншот во Скопје ќе го судат Данците Гјединг и Хансен, на чија арбитража „црвено-црните“ се жалеа по ланскиот дуел во Скопје против Барселона. Токму ова делегирање го разлути рускиот газда на Вардар, кој најави и повлекување од ракометот доколку почувствува судиска неправда.

За Фленсбург имаме не баш добри информации и гледаме кои судии ни се одредени. Не ми е јасно зошто ни ги ставија„нашите пријатели“ од Данска кои ни судеа овде против Барселона. Но, така одлучила ЕХФ и ние тоа треба да го почитуваме, но ние се надеваме само дека од Фленсбург и од ЕХФ ќе го следата овој натпревар и дека се ќе биде како што треба и дека нема да се повтори тоа што се случи пред три години. Ако се повтори истата ситуација со нашиот клуб јас ќе се повлечам од ракометот. Немам сила веќе да се борам. Во секој случај ќе останам во Вардар, но ќе ги поддржувам младинските школи, но да инвестираме толку пари по седм милиони евра во ракометните клубови и да имаме вакви работи што можат да се случат, тоа не можам повеќе. Сакам да ја повикам целата нација, сите Македонци да имаме поддршка од целата нација и во Фленсбург и овде. Барам поддршка и од раководството на РФМ и од СЕХА посебно од господинот Михајловски кој и повеќе од мене има вложено и има заслуги за овој Вардар. После секој пораз и секоја неправда што се случила со нашиот клуб јас дома лежам по неколку дена болен Ние на терен ќе дадеме се од себе без разлика што ќе се случува“ – дециден е Самсоненко.

Русинот е разочаран и од критиките што пристигнаа до неговиот клуб по неочекуваниот пораз од Металург во првот коло од македонскиот плејоф.

Трошиме многу пари и енергија на ова. И Металург исто добро работи на овој пат и тоа е добро. Има еден лош момент. Кога дојдов тука јас не сакав да зборувам за натпреварите со Металург, но ова беше последна капка. Во цела сезона во ЛШ ние загубивме само четири натпревари, После натпреварот со Металург секаде во јавност излезе дека играчите на Вардар играат без срце. Како може играчите на Вардар да играат без срце со својот најголем ривал? Лесно е да се фалиш со својата тактика 7-6 кога секое додавање на пиукер е досуден седмерец. Не сакав да зборувам за ова, но едноставно емотивно реагирав“ – вели првиот човек на Вардар.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.