Самсоненко генерален менаџер, Кокшаров нов селектор на Русија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
18/11/2017 19:25
Ракомет
18/11/2017 18:59
Ракомет
18/11/2017 15:36
Кошарка
18/11/2017 9:26

Самсоненко генерален менаџер, Кокшаров нов селектор на Русија

Самсоненко генерален менаџер, Кокшаров нов селектор на Русија

Сергеј Самсоненко ќе биде именуван за нов генеален менаџер на руската ракометна репрезентација, додека улогата на селектор на „зборнаја“ ќе му биде доделена на директорот на „вардарци“, Едуард Кокшаров. Руската Ракометна Федерација по неуспехот во квалификациите за ЕП 2018 се реши за коренити промени, во кои директно ги вклучи и луѓето од највисоките функции во Вардар.

Кокшаров беше едногласно избран за селекторот на својата репрезентација, а претседателот на Руската Ракометна Федерација, Сергеј Шишкарев, обелодени и дека во националниот тим ќе биде вклучен и газдата на Вардар, Сергеј Самсоненко.

Сергеј Самсоненко ќе биде генерален менаџер и координатор на руската машка репрезентација. Ќе работи за националниот тим, ќе разговара со мене и со генералниот директор на федерацијата, ќе помогне да ги идентификуваме најталентираните млади играчи и да ги вклучиме во националниот тим“ – изјави Шишкарев за руските медиуми.

Останува да се види дали и како новиот ангажман на рускиот милионер ќе се одрази врз Вардар, откако тој претходно потпиша и спонзорски договор со ЦСКА Москва. Во следниот период ќе стане јасно дека Русинот ќе продолжи со инвестирањето во „црвено-црното семејство“ или пак ќе се остварат одредени шпекулации за негово враќање во татковината.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.