Сан Антонио на крилата на Паркер, и Торонто во следната рунда

Сан Антонио го совлада Мемфис на гости со 96-103 и стигна до четвртата победа од плејофот, пласирајќи во полуфиналето на Западот. Тони Паркер потести на своите најдобри денови и уфрли 27 поени, а Кевин Леонард беше стрелец на 29 поени. „Мамузите“ ја добија битката во рекетот, имаа дури 16 офанзивни скокови и тоа беше клуч за триумфот.

Кај Мемфис, сите пет стартери беа двоцифрени, а најефикасен од нив Конли со 26 поени. Сан Антонио во следната рунда ќе ги одмери силите со Хјустон рокетс.

Торонто по почетните проблеми успеа да ја комплетира серијата против Милвоки со 4-2. И тие славеа на гости со 89-92, а главен двигател беше ДеРозан со 32 поени. Торонто на овој меч успеа да прокоцка предност од 25 поени, се чинеше дека ќе загубат, но потоа следеше серија од 9-0. Милвоки го имаше последниот напред, но Тони Снел ја загуби топката и пропадна шанса за пресврт.

Торонто сега оди на мегдан со Кливленд кавалирс, а серијата почнува в понеделник во Охајо. Тоа е реприза на минатогодишното финале на Истокот.

   

Се вчитува...