Сан Антонио се врати од „минус 22“ против Оклахома сити

Сан Антонио по голема битка славеше над Оклахома сити со 104-101 во дерби дуелот од Западната конференција, и тоа откако гостите феноменално го стартуваа овој натпревар. Првата четвртина заврши со резултат 15-32, Оклахома на стартот од вториот период имаше и огромни „плус 22“, но и тоа беше недоволно за да се земе скалпот на еден од најдобрите домашни тимови во лигата. Сан Антонио се разбуди во вистински момент, успеа да ја истопи предноста на противникот и на крајот стигна до голема победа. Олдриџ со 26 поени и девет скока беше прв стрелец на Сан Антонио, додека кај Оклахома најефикасен беше Ентони со 20 поени.
Кливленд ја врза третата победа во серија откако актуелниот вицешампион по голема битка и продолжение од пет минути го скрши отпорот на ЛА клиперс (118-113). Леброн Џејмс уште еднаш беше во главна улога, реализирајќи 39 поени, 14 скока и шест асистенции, додека на клиперси не им помогна ниту импресивниот настап под обрачите на Џордан, кој реализираше 20 поени и 22 скока.
Резултати НБА: 
Јута – Бруклин 107-118, Њујорк – Торонто 84-107, Чикаго – Шарлот 123-120, Далас – Минесота 87-111, Сакраменто – Портланд 86-82, Денвер – Њу Орлеанс 146-114, Вашингтон – Мајами 91-98, Индијана – Детроит 107-100, Сан Антонио – Оклахома сити 104-101, Кливленд – ЛА клиперс 118-113 (по прод.).

Се вчитува...