Сан Антонио „столчен“ експресно, Голден стејт во големото финале!

На Западот ништо ново. Голден стејт експресно го „сомле“ Сан Антонио, победувајќи во четвртиот меч од финалето на Западната конференција со 129-115, па третпат едноподруго се пласираше во големото финале на НБА лигата.

Стеф Кари постигна 36 поени, а Голден стејт сруши и нов рекорд – прва екипа која во големото финале влегува со 12-0 во плејофот.

Голден стејт водеше и 22 поени разлика на мечот, не дозволувајќи во ниту еден момент победата да биде доведена во прашање иако Сан Антонио водеше нешто малку на почетокот. Без Тони Паркер, Каваи Леонард и Дејвид Ле, дефинитивно Сан Антонио не можеше ништо да направи.

Овации, сепак, доби Ману Џинобили кој се уште не знае дали ќе игра и следната сезона. Џинобили сезоната ја заврши како 24-ти кошаркар во историјата кој постигнал 3000 поени по завршувањето на регуларниот дел. Моментално е на 3009 поени во 15 сезони, а играл плејоф во секоја сезона од својата кариера.

Се вчитува...