Сапунџиев од Карпош соколи потпиша за Фени индустри

Фени индустри се соочува со сериозни финансиски проблеми, но кавадаречкиот клуб во секој случај не отстапува од својата зацртана политика – акцент да биде ставен на домашните кошаркари.

Иван Сапунџиев е нов член на Фени, откако довчерашниот член на Карпош соколи ја прифати понудата на кавадарчани и се приклучи на егзодусот на играчи од редовите на актуелниот вицешампион.

Само за потсетување, Фени индустри пред неколку дена остана без еден од своите најдобри кошаркари, Андреј Магдевски, кој потпиша договор со Гостивар.

Се вчитува...