Сара Ристовска потпиша за Крим

Врвните странски ракометарки си ги договорија трансферите за заминување од Вардар, а денеска истото го стори и најдобрата Македонка во таборот на „црвено-црните“, Сара Ристовска. Словенечкиот првак Крим е следната дестинација на нашата талентирана ракометарка, која во следните две години, почнувајќи од наредната сезона ќе го носи дресот на оваа екипа.

Сара Ристовска (21 година) ќе ја засили позицијата десно крило во нашиот тим. Станува збор за ракометарка која професионалната кариера ја почна во Металург, по што следеше трансфер во Вардар. За квалитетите на Ристовска доволно говори фактот дека таа во својот прв меч во ЛШ беше избрана за најдобра млада ракометарка во колото, воедно и номинирана за најдобро младо десно крило во Европа“ – се пофалија од Крим со осигураниот трансфер на Македонката.

Се вчитува...