Саул со три проектили ја потопи Италија – за финале со Германците

Шпанија ќе игра во финалето на Европското првенство во Полска за селекции до 21 година и ќе ги одмери силите со Германија, откако во полуфиналето ги совлада Италијанците со 3-1. Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Саул Нигез, блесна во полн сјај на овој меч и со хет – трик ги урна надежите на „аѕурите“ дека можат да стигнат до големото финале. Така, победникот од групата Б, во која беше и Македонија, надмоќно оди во финалето, кое ќе се одигра в петок.

Италија успеа да парира едно полувреме, но потоа Саул го покажа своето мајсторство. Во 53.минута го отвори резултатот, а Италија пет минути подоцна остана со играч помалку по исклучувањето на Галјардини.

„Аѕурите“ сепак стигнаа до израмнување со голот на Федерико Бернардески во 62.минута. Тој се реши за удар од 25 метри, топката удри во Цезар Валјехо, и го измами Кепа Аризбалага. Но, само три минути подоцна, Саул Нигез испрати вистинска „бомба“ кон голот на Џанлуиџи Донарума, и постигна прекрасен погодок. Во 74.минута, со својот трет гол стави точка на триумфот на Шпанците, трасирајќи го патот на „црвената фурија“ во големото финале.

Spain U21 3-1 Italy U21 | All Goals and Full… by riqezi

Се вчитува...