Саутемптон би го вратил Џо Харт во Премиер – лигата

Англискиот премиерлигаш Саутемптон е расположен да го врати Џо Харт на Островот и да му понуди можност повторно да биде дел од Премиер – лигата. Репрезентативецот на Англија на почетокот на сезоната доби препорака од Пеп Гвардиола да си замине од Манчестер јунајтед и успеа да се скраси во Серија А, во тимот на Торино. Но, позајмицата истекува на крајот од сезоната, по што Харт повторно ќе биде играч на Манчестер сити. А, повеќе од јасно е дека Гвардиола има други планови за голманската позиција, иако не погоди и со ангажманот на Клаудио Браво.

Но, Саутемптон е подготвен да го ангажира Џо Харт, посебно затоа Фрејзер Форстер во летниот преоден рок се очекува да биде продаден во Евертон. Манчестер сити се уште нема објавено колкава би била отштетата за негово заминување од „Етихад“.

Се вчитува...