Саутгејт и дефинитивно е новиот селектор на Англија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
24/02/2017 13:42
Меѓ. Фудбал
24/02/2017 13:18
Меѓ. Фудбал
23/02/2017 20:54
Фудбал
23/02/2017 15:31

Саутгејт и дефинитивно е новиот селектор на Англија

Саутгејт и дефинитивно е новиот селектор на Англија

Герет Саутгејт од денеска и официјално е нов селектор на англиската репрезентација, откако поранешниот дефанзивец потпиша четиригодишен договор како предводник на „гордиот албион“. Тој дојде на клупата на националниот тим како привремено решение по заминувањето на Сем Алардајс, но добрите игри и резултати придонесоа да ја добие поддршката на фудбалерите и навивачите, по што од страна на Фудбалската Асоцијација му беше понуден перманентен договор.

„Целосно уживав во работата со фудбалерите во претходните натпревари и сметам дека поседуваме огромен потенцијал. Горд сум што ја добивам довербата да бидам селектор, но исто така и сум свесен за обврска што ја носи оваа функција, особено во фудбалска земја како Англија. Решен сум да дадам се од себе за нацијата да биде горда на нашата репрезентација, на начинот на кој ќе играме и ќе се развиваме во следниот период“ – изјави Саутгејт, кој со новиот договор ќе заработуа два милиони фунти по сезона.

Првиот натпревар како перманентен селектор на Англија овој стратег ќе го има на 22 март, кога Англија ќе гостува во Дортмунд на светскиот првак Германија.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.