Се е подготвено за пречекот и славјето за шампионите (ФОТО)

Ракометарите на Вардар денеска во 11:15 часот слетуваат на скопскиот аеродром по освоената европска шампионска титула. По еден празен ден престој во Дортмунд, во очекување на денешниот лет со „Визер“, „вардарци“ пристигнуваат во Скопје заедно со трофејот – најдобри на Стариот континент.

Па, изминатава ноќ се беше насочена кон подготовка на пречекот и прославата потоа на скопскиот плоштад на европската шампионска круна. Брендиран е и панорамскиот автобус на град Скопје со кој „црвено-црните“ ќе продефилираат низ улиците на главниот град на Македонија пред централната прослава од 13 часот на плоштадот Македонија.

Се вчитува...