Се јави и Капело: Секој меч „кралевите“ сакаат да го повредат Меси

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Фабио Капело, се јави со своја оцена за последното „Ел Класико“, изненадувачки напаѓајќи го пристапот на својот екс-клуб. Италијанецот потенцираше дека црвениот картон на Серхио Рамос е апсолутно заслужен, но ги критикуваше „кралевите“ поради својата навика на секој дерби дуел да одат со брутални стартови врз Лео Меси.

Што се однесува до црвениот картон, нема дилеми дека е заслужен. Само видете како се залета на Меси, тоа беше криминален старт. Ме разочарува што кога и да гледам меч на Бернабеу меѓу Реал и Барселона, секогаш има фудбалер одреден да го повреди Лео Меси“ – изјави Капело.

Трофејниот италијански стратег уште еднаш јавно го пофали аргентинскиот генијалец, посочувајќи дека тој со своите квалитети е најмалку една класа над Кристијано Роналдо.

Кристијано е одличен фудбалер, но Меси е фудбалски гениј. Неверојатно е како одигра во Мадрид, самиот го носеше тимот на грб, правеше работи што не сум ги видел досега од него и ја покажа својата големина“ – истакна Фабио Капело.

Се вчитува...