Се крои супер-тим во Лос Анџелес: Покрај Леброн, и Џорџ и Вестбрук доаѓаат во Лејкерси?!

Лос Анџелес лејкерс повторно ќе бидат многу моќен тим. Во 2018 година Леброн Џејмс треба да се пресели во „кошаркарскиот Холивуд“, но и тоа не е се. Ќе се создаде супер-тим, а веќе се познати и двајцата други кошаркари кои ќе го сочинуваат новото неверојатно трио.

Заедно со Леброн Џејмс, во Ел-Еј треба да пристигнат и Пол Џорџ и Расел Вестбрук. Тие двајца веќе играат заедно во Оклахома, а намерата е новото трио да ја сопре доминацијата на Голден Стејт вориорс.

„Доведувањето на една од овие ѕвезди ќе биде голема работа. Двајца би ги промениле Лејкерси во потполност, а тројцата заедно би го промениле изгледот на овој спорт“, коментираатѕ американските медиуми.

Се вчитува...