Се нема среќа на ЗОИ: Одложен и слаломот за жени

Поради безбедносни причини, како за гледачите така и за самите натпреварувачи, организаторите на ЗОИ 2018 мораа да го откажат и слаломот во женска конкуренција кој беше закажан на денешната програма во Пјонгчанг.

Истото се случи и пред два дена најпрво со спустот а потоа и со велеслалмот.

Денеска организаторите најпрво ја одложија првата слаломска трка од 2:15 часот за 3 часот, а потоа и за 3:40 часот, за да поради силното невреме, ветер и ниски температури се одлучат и дефинитивно да ја откажат и презакажат за во петок.

Од македонските олимпијци следна која ќе се натпреварува е Викторија Тодоровска утре (15. февруари) на трката од 10 километри во крос-кантри.

Се вчитува...