Се плаши ли Мората од „проклетата деветка“ на Челси?

Алваро Мората вчера го комплетираше својот трансфер во Челси, а шпанскиот ас во најскоро време ќе го избере и бројот на дрес што ќе го носи во новиот клуб. Фановите веќе почнаа петиција преку интернет за да му порачаат на својот нов миленик да не ја избира „деветката“, плашејќи се од „клетвата“ што ги следи сите оние кои го носеле овој број во последните десетина години.

Последната врвна „деветка“ на лондонскиот клуб беше Џими Флојд Хаслбенк, кој со голем успех настапуваше за овој тим од 2002 до 2004 година. Во периодот што следеше овој број го носеа бројни напаѓачи кои важеа за врвни во Европа, но ниту еден не ги оправда очекувањата.

Матеа Кежман дојде како суперзасилување од ПСВ Ајндховен, но се покажа како огромно промашување, исто како што подоцна беше случај и со Фернандо Торес и со Радамел Фалкао. Меѓу останатите кои ја носеле „деветката“ на Челси тука се и Франко ди Санто, како и играчот за врска Стив Сидвел, кои исто така не оставиле посериозна трага врз резултатите на лондонскиот клуб.

Мората според непотврдените информации решил да ја земе „деветката“, но останува да се види дали можеби ќе се премисли. Најдобриот стрелец на Челси минатите сезони, Диего Коста, настапуваше со дресот со број 19, додека легендарниот Дидие Дрогба играше со 15-ка на грбот.

Се вчитува...