Се продава легендарниот скафандер на Аиртон Сена

Жолтиот скафандер во кој легендарниот Аиртин Сена ја освои првата од шесте титули на трката за ГН на Монако и уште седум подиуми во 1987 година во мај ќе се продава на аукција во Монако. Карактеристичната облека беше препознатливиот белег на легендарниот возач кој трагично го загуби животот во 1994 година, но остана миленик на сите вљубеници во Формула 1.

беше еден од пропознатливите белези на легендарниот возач во Формула 1, Аиртон Сена. Во овој скафандер тројниот шампион му ја донесе последната победа на тимот на Лотус во историјата на Ф1. Истата година Сена заврши на третото место во Ф1 шампионатот зад Нелсон Пике и Најџел Менсел, а пото се збогува со Лотус и премина во тимот на Мекларен.

Интересна е и историјата на овој скафандер откако Сена престана да го носи. Трикратниот шампион на крајот од сезоната му го подарил скафандерот на братот на својот физиотерапевт. Тој неколку години го чувал во својот магацин, а потоа го продал во Канада. Оттаму пак, жолтиот скафандер стигнал во Монако каде е и денес. Аукциската куќа “Sotheby’s“ го откупува од една од најлуксузните галерии и сега, 24 години по смртта на Аиртон Сена, жолтиот скафандер на кој има и автограм од Сена ќе биде продаден на аукција.

Од “Sotheby’s“ не ја објавија стартната цена, но според вредноста, таа сигурно ќе биде шестоцифрена. Пред шест години кацигата на Сена достигна цена од 114.000 долари.

Се вчитува...