Се „трага“ по најстарата Ford Fiesta - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
27/03/2017 19:58
Фудбал
27/03/2017 14:44
Коментари
27/03/2017 12:45
Фудбал
27/03/2017 12:14

Се „трага“ по најстарата Ford Fiesta

Се „трага“ по најстарата Ford Fiesta

Компанијата Ми-Да Гранд Моторс организира „потрага“ по најстарата Ford Fiesta во Република Македонија по повод одбележување на 40 години од производството на првиот автомобил.

Со кампањата „Трагаме по сопственикот на најстарата Ford Fiesta“ се повикува секој што поседува Fiesta да се пријави на официјалната Facebook страница на Ми-Да Гранд Моторс, каде ќе остави основни податоци (име и презиме), за возилото (година на производство и фотографија). За да се пријават тие ќе треба да постираат слика од својата Fiesta на нашата Facebook страна Ford Macedonia. За секој кој ќе учествува следува симболична награда.

„Откако ќе го пронајдеме сопственикот на најстарата Fiesta во Република Македонија, победникот ќе добие целокупен третман за возилото и други подароци. Сакаме да го најдеме овој сопственик и да го презентираме возилото пред македонската јавност, затоа што тој/таа е човекот кој ја сочувал историјата на Ford Fiesta на овие простори и се уште се грижи за ова возило“, вели Предраг Николовски, маркетинг менаџер во Ми-Да Гранд Моторс.

Новата генерација Ford Fiesta веќе е најавена за следната година. Инаку и Македонија се вклучи во глобалното одбележување на јубилејот „40 години Ford Fiesta, преку организирање на кампањата „СЛАВИМЕ FEISTA“, која досега е продадена во околу 17 милиони примероци. Ова возило е најпродавано мало возило во Европа и еден од најпопуларните автомобили во светот. На сопствениците им нуди стил, економичност и квалитетни перформанси.

Комерцијален текст

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.