Се врати „Министерот за одбрана“: Борко повторно царува на голот на Македонија… (ВИДЕО)

Македонија запиша значајна победа од 30-25 против Исланд во квалификациите за Европското првенство… Со извонредни одбрани во последните минути секако ја носеше нашата победа и повратникот во репрезентацијата, „Министерот за одбрана“ – голманот Борко Ристовски…

Ристовски мечот го заврши со 13 одбрани, од кои секако се издвојуваат оние клучните за одржување на предноста од 28-25, откако претходно, пак, Кире Лазаров „бомбардираше“ во нападот…

Потоа, „министерот“ одбрани и зицер на Исланѓаните со што дефинитивно ги откажа од надежта за позитивен резултат…

Се вчитува...