SEAT ја доби наградата SMARTBEST 2017 за интеграција на Амазон Алекса во нејзиниот опсег - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Кошарка
23/11/2017 21:55
Фудбал
23/11/2017 20:53
Кошарка
23/11/2017 19:42
Фудбал
23/11/2017 19:31

SEAT ја доби наградата SMARTBEST 2017 за интеграција на Амазон Алекса во нејзиниот опсег

SEAT ја доби наградата SMARTBEST 2017 за интеграција на Амазон Алекса во нејзиниот опсег

Откако на SEAT Ateca и беше доделена наградата „Best Buy Car of Europe 2017“ од AUTOBEST, шпанскиот бренд уште еднаш доби признание од европската организација, која ја најави новата SEAT Ibiza како финалист во истите награди. Престижната награда AUTOBEST на „Best Buy Car of Europe“ го одбира најкупуваниот автомобил на годината на пазарот, при тоа имајќи го во предвид не само дизајнот, удобноста, квалитетот на возењето и динамичното ракување со секој автомобил, туку и вредноста која ја добиваме за парите, продажна мрежа и пост-продажната услуга.

Судскиот панел на AUTOBEST е составен од 31 европска земја и како таков е најголемиот независен автомобилски панел во светот поради бројот на претставени земји. На крајот од ноември, вкупно 31 авто-новинар, што го сочинуваат панелот AUTOBEST, ќе ги поминат шестте финалистички автомобили низ серија исцрпни и тешки тестови на тест-патеката Вариано во Италија. Таму, победникот ќе биде избран за AUTOBEST „Best Buy Car of Europe 2018“, кој ќе биде објавен на 15 декември.

SEAT AUTOBEST 2

Новата SEAT Ibiza се издвојува со најнапредната технологија во однос на безбедноста, системи за помош при возење и поврзување. Освен тоа, благодарение на распоредувањето на новата MQB A0 платформа, новата Ibiza е покомпактна од надвор, а уште попространа внатре. Новата SEAT Ibiza исто така доби 5 ѕвезди, највисока можна оцена, на EuroNCAP тестовите за судар, што претставува гаранција за одличната заштита на патниците, значителната ефикасност на системите за помош при возењето, особено итната кочница на системот Front Assist. Новата SEAT Ibiza се продава како модел со 5 врати во четири верзии, и тоа: Reference, Style, FR и XCellence. Од асортиманот на мотори, четири се бензинци и три дизел,  и се издвојуваат со одличните перформанси, импресивната моќност и ниската потрошувачка.

Доделена наградата SMARTBEST 2017

Исто така вредно за споменување е доделувањето на наградата AUTOBEST за SMARTBEST 2017 на SEAT за нејзината пионерска интеграција на Amazon Alexa во рамките на својот автомобил. SMARTBEST е прва награда во светот посветена на поврзувањето во автомобилската индустрија. Поврзувањето на SEAT со Amazon и интеграцијата на личниот асистент контролиран од глас претставува вистинска пресвртница за компанијата и голем напредок во дигиталниот екосистем и поврзувањето на SEAT, ставајќи го овој шпански бренд на чело на поврзаните автомобили во Европа. Исто така мора да се земе предвид дека побарувачката за асистенти со глас се зголемува меѓу возачите, а можноста за развој и за зголемување на функциите што ги нуди Amazon Alexa е бесконечна. Amazon Alexa ќе биде достапен во SEAT Ateca и Leon на крајот од 2017 година, а во Arona и Ibiza во 2018 година.

SEAT не само што постигнува позитивни финансиски резултати, туку и ја прави својата најголема офанзива во својата историја со лансирањето на Ateca, Leon, Ibiza, Arona и идниот голем SUV кој ќе се појави на патиштата во 2019 година.

Комерцијален текст

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.