Седлоски: Не чека многу потежок меч од оној во Малме…

Шефот на стручниот штаб на Вардар, Гоце Седлоски верува дека неговиот тим може да дојде до позитивен резултат кој ќе значи и пласман во следната рунда натпревари од квалификациите за Лигата на шампионите.

На денешната прес-конференција во Струмица пред утрешниот реванш дуел со Малме, Седлоски нагласи дека следните 90 минути ќе бидат многу потешки од оние првите на гостински терен…

„По оние 90 минути кои ги одигравме во Малме и тој позитивен резултат за нас, сега сигурен сум дека нема да биде воопшт ист натпревар. Утре не очекува еден сосема поразличен натпревар, кој ќе биде многу потежок… Но, јас силно верувам во моите момци, верувам дека фудбалерите може максимално да одговорат и на овој предизвик и да стигнат до резултат кој ќе не однесе во следното коло од квалификациите за Лигата на шампионите“ – рече Седлоски.

Стратегот на „вардарци“ потенцираше дека нема да има многу измени во составот, а сите кои ќе истрчаат на терен максимално ќе одговорат на зададените задачи. Како и за претходниот натпревар во Малме, во тимот ќе недостасуваат Дарко Велковски и грузискиот интернационалец Џигаури.

„Сите се комплетно подготвени, и кој и да излезе на терен ќе одговори максимално на зададените задачи. Потребна ќе ни биде и силна поддршка за да дојдеме до посакуваната цел“ – истакна Седлоски.

Натпреварот меѓу Вардар и Малме на стадионот „Младост“ во Струмица се игра со почеток од 18 часот.

Се вчитува...