Седлоски: Остануваме мирни, ќе одиме и во Данска да постигнеме гол

Вардар обезбеди предност од 1-0 во Скопје, надигрувајќи го данскиот првак ФК Копенхаген во првиот дуел од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Џонатан Балотели ја затресе мрежата на Данците, а можеби и уште поважно пред реваншот е што мрежата на „црвено-црните“ остана да мирува.

Тренерот на Вардар, Гоце Седлоски, е задоволен од триумфот, и од играта на својот тим на овој меч, но вели дека сите во „црвено-црно“ треба да останат мирни, фокусирани и за реваншот по седум дена.

IMG_3975

„Ова е голем триумф за Вардар, против еден клуб кој е речиси редовен учесник во Лигата на шампионите. Одигравме мудро, на резултат, фудбалерите ги извршија зададените задачи во целост и мораме да бидеме задоволни. Но, мораме да останеме и мирни, со двете нозе на земја, затоа што не очекува и реванш во Данска. И таму нема да се браниме, ќе одиме да постигнеме гол и да се обидеме да го елиминираме и овој противник. Честитки до фудбалерите и благодарност до публиката за фантастичната поддршка, беа нашиот 12-ти играч“, изјави Гоце Седлоски по големиот триумф над ФК Копенхаген.

Се вчитува...