СЕДМЕРЕЦ: Сега или никогаш! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Кошарка
21/11/2017 19:24
Кошарка
21/11/2017 16:21
Кошарка
21/11/2017 8:30
Кошарка
20/11/2017 20:52

СЕДМЕРЕЦ: Сега или никогаш!

Билјана Б. Петрушева

Не се знае кој се го држи воланот, ама „Ферарито“ тргни-застани стигна до Будимпешта

1. Фајналфор на четврта

Во празничниот велигденски викенд, вардарки го прославиja четвртиот пласман во завршницата од Лигата на шампионите. Не дека некој се сомневаше дека „дрим-тимот“ нема да биде на Ф4, но четвртфиналето со Митјиланд беше неочекувано премногу „на работ“, а играта на „вардарки“ далеку од онаа препознатливо супериорна со која „газеа“ низ ЛШ во еден дел од сезоната.

А, згора на тоа, во последно време и не се знае кој се го држи воланот на црвено-црното „Ферари“, па кој како нагази, така се менува и „возењето“ и играта на екипата.

Но, тргни-застани, „Ферарито“ пак стигна на Фајналфор турнирот во Будимпешта и на крај тоа е најважното. Засега.

Се друго ќе собираме и ќе одземаме после 7 мај.

Во сезоната во која имаат и рекордна серија од осум победи по ред во натпреварите од ЛШ, но и рекорден пораз од 14 гола разлика од Мец, од вардарки се очекува најдоброто да го покажат на крај. Да успеат „на четврта“, во четвртиот обид меѓу големата четворка во ЛШ конечно, да го поминат полуфиналето и да се паркира „Ферарито“ на подиумот во „Ласло Пап Арена“.

Сега или никогаш!

2. Старо друштво, нова надеж

На Ф4 турнирот во Будимпешта учесниците се исти како лани – Вардар, Ѓер, Будуќност и ЧСМ Букурешт во улога на бранител на титулата. Утре со ждрепката во Будимпешта ќе бидат одредени полуфиналните двојки. Среќната рака за Вардар ќе биде Словенката Тамара Мавсар.

И, можеби нема да биде лошо и полуфиналните двојки да бидат „дежа-ву“. Па вардарки да му го наплатат долгот на ЧСМ Букурешт за ланскиот пораз. Впрочем, сега на клупата на романскиот тим го нема ни Ким Расмусен кој лани беше „посебно мотивиран“ да го победи Вардар. А, по тренерските смени, романскиот тим некако и најмногу „му пасува“ на Вардар.

Домаќинот Ѓер секогаш е поопасна варијанта пред својата публика. А, со Будуќност никогаш не си начисто. Знаат да изненадат и да испадната најсилни кога сите мислат дека се најслаби, кога половина тим им е распродаден за следната сезона, па дури и тренерот Драган Аџиќ по некои најави, е веќе преселен во Скопје.

Во големата четворка што ќе игра на Ф4 во Будимпешта, Ѓер, Будуќност и ЧСМ Букурешт имаат шампионски титули во Лигата на шампионите, освоени во последните три сезони, по тој ред  – Ѓер (2014), Будуќност (2015), ЧСМ Букурешт (2016). Вардар е со три „бронзи“ без финале. Па, ред е сега вардарки да ја продолжат низата.

Сега или никогаш!

3. Три од три за загревање

И додека женскиот Вардар веќе си ја заврши првата работа со пласманот на Ф4 во ЛШ, машкиот дел од „црвено-црното“ семејство ги одработува домашните задачи во суперлигашкиот плје-оф и со три победи во три дена се загрева за четвртфиналето со Фленсбург.

И за вардарци ова е „сега или никогаш“. Шанса што не смее да се испушти во за нив најдобрата сезона досега во Лигата на шампионите.

Фленсбург со Љубомир Врањеш на заминување воопшто не е лесен залак во ЛШ. Но, не е ни нешто што овој и ваков Вардар не може да го „преџвака“ во четвртфинале од ЛШ.

И за Вардар и за Раул Гонзалес, сега и како тренер-селектор, ова четвртфинале ќе биде посебен предизвик. Во трите претходни сезони, вардарци три пати по ред застануваа на последната пречка. Сега и тие ќе се обидат „на четврта“ конечно да стигнат до целта на Ф4 во Келн.

А, кога сме веќе кај Раул Гонзалес, новиот селектор на македонската репрезентација, веднаш по четвртфиналето со Вардар во прават седмица на мај го чека селекторското деби на македонскаат клупа. И тоа во двата најверојатно, клучни дуели со Исланд во квалификациите за ЕП 2018. Тивкиот Шпанец, тивко ја снима ситуацијата и во репрезентацијата. Според „неофицијално официјални“ информации, Раул Гонзалес, сака прво да ги „поправи“ дупките од претходната „реконструкција“ и да постави сигурна основа за својата работа. Да се искористи максимално целиот потенцијал, без многу „опашки“ и компромиси. Паметно.

Оти, шансата е сега или никогаш. Да не биде или полека да не снемува од ракометната мапа.

4. Малку надежно од надежите

Македонските кадети се шести од осум репрезентации што настапија на турнирот во Бугојно што се одржува под мотото „Ракометот е мојата иднина“. Зад нас се БиХ и Катар. Пред нас Словенија, Полска, Хрватска, Австрија и Швајцарија. И не е толку „тежок“ пласманот колку што тежи поразот со 18 гола разлика (20-38) од Швајцарија во последниот натпревар за пласман. И она вечно оправдување дека „нашите се уморни од претходните натпревари“.

А другите не се, а играат исто толку натпревари.

И после се чудиме зошто Словенија е ем подмладена, ем бронзена на СП во Франција. А ние сме веќе уморни уште во подмладокот. И не е до она „друго се Словенците, друго сме ние“, туку до системот на работа, кој таму функционира и дава резултати.

А ние сме вечно  надежни и хронично уморни.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.