Седмо издание на најголемата планинска трка во Македонија – „Крали Марко Треилс“!

Овој викенд повеќе од 450 натпреварувачи беа дел од уникатниот спортско-рекреативен настан во планинско трчање Крали Марко Треилс кој се одржува во регионот на Марковите Кули и прилепската околија.

1

На ова издание организаторите понудија четири трки за возрасни и една детска трка на кои учествуваа околу 460 натпреварувачи на различните дистанци од 1, 16, 31, 65 и 110 километри. Настанот започна на 22.09 во 23 часот со старт на единствената ултра-маратонска дистанца во Македонија – Крали Марко Ултра Треил на која стартуваат 41 натпреварувач. Временскиот лимит за исполнување на оваа тешка и авантуристичка задача беше 30 часа, а истиот успешно го завршија 33 натпреварувачи.

3 vnatre

Победници на трката на 110км се Александар Стојкоски од Прилеп со време од 14:18, втор беше Чарли Шарп од Велика Британија – 15:15, а трет Константин Атанасов од Бугарија со време од 15:26. Во женска конкуренција подиумот на најдолгата дистанца по четврта година за ред го зема Марија Николова од Бугарија – 15:26, втора беше Десислава Цветанова 22:59, а трета Аринета Мула 28:00 часа.

Трката Козјак треил на 65 километри беше од зачинета со одлични времиња во машка конкуренција каде Александар Кирковски 7:03, Марјан Бонев 7:16 и Дејан Тодевски 7:20 успеаја да завршат пред рекордот на стазата од 2015 година поставен од Жикица Ивановски. Во женска конкуренција прва беше Мери Мирческа 8:40, втора Јорданка Петрушевска 10:44, а трета Албулена Малики од Косово 11:06.

22091890_516539605360932_317573705_n

Трката на 31 км – Камена Баба Треил заврши со следните резултати:

  1. Слободан Стаматовски 3:20
  2. Срѓан Милошевски 3:24
  3. Димитар Тодоровски 3:30
  1. Сања Костуранова 3:19
  2. Благица Јованова 3:29
  3. Даринка Буровска 4:04

На најкратката и најмасовна трка Трексавец Треил првопласирани се:

  1. Штефан Уебел 1:22
  2. Кристијан Наумовски 1:34
  3. Виктор Ефремов 1:35

 

  1. Талија Петреска 2:00
  2. Антонија Брезовска 2:01
  3. Северин Бојаџиев 2:02

Официјалните резултати проследете ги на следниов линк  – http://app.trex.mk/index.php?#

Детската трка Маркукуле треил беше одлична дополна на возбудливиот викенд. На истата се појавија повеќе од 100 дечиња од околните училишта.

Организатор на настанот е здружението ТРЕКС од Скопје, ПСД Макпетрол и Општина Прилеп.

Се вчитува...