Седум Камерунци се откажаа од репрезентацијата, меѓу нив и Жоел Матип - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
26/06/2017 10:05
Останато
25/06/2017 20:21
Фудбал
25/06/2017 11:43
Кошарка
25/06/2017 10:28

Седум Камерунци се откажаа од репрезентацијата, меѓу нив и Жоел Матип

Седум Камерунци се откажаа од репрезентацијата, меѓу нив и Жоел Матип

Седум фудбалери кои настапуваат за националниот тим на Камерун не одговорија на последниот повик на селекторот Хуго Брос и поради личен конфликт со него одбија да играат за репрезентацијата. Жоел Матип (Ливерпул), Алан Ниом (ВБА), Анре Онан (Ајакс), Ган Нди Асембе (Нанси), Максим Пунѓе (Бордо), Андре- Франк Замбо Ангуиса (Марсеј) и Ибрахимн Амаду (Лил) одлучија да застанат против беглискиот стратег кој пак, вели дека очекува соодветна казна за нив од ФИФА.

„Фудбалерите ги ставија личните интереси пред националниот тим и федерацијата има право да преземе акции против нив во согласност со пропозициите на ФИФА“ – кусо изјави Брос, кој очекува суспензија од Светската куќа на фудбалот за седумте играчи.

Камерун треба да настапи на Африканскиот Куп на нации, кој ќе се одржи од 14. јануари до 5. февруари идната година, а се наоѓа во групата А заедно со Габон, Буркина Фасо и со Гвинеја Бисао.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.