Седум кандидати во битка за „канта“ на годината

Седум фудбалери конкурираат за најнепосакуваната награда во фудбалот, „канта“ на годината. Иако оваа награда веќе неколку години официјално не се доделува, бидејќи е навредливо за играчите, спортските медиуми низ светот сепак одбираат еден фудбалер кој е тотално промашување во изминатиот трансфер период.

Прв на оваа листа за промашување на годината е Леонардо Бонучи. Иако самиот Бонучи не може да биде виновник за лошата игра на Милан, од него најмногу се очекуваше. Лео требаше да биде лидерот на „росонерите“, дури му беше доделена капитенската лента. Но, неговото доаѓање воопшто не ја подобри одбраната на Милан. Навидум ја има истата улога во формацијата на тимот како што му беше и во Јувентус, но она што го прави Бпнучи на теренот воопшто не личи на него.

Поранешниот капитен на Ајакс, Дејви Класен по доаѓањето во редовите на Евертон потполно разочара. Од него се очекуваше да биде достојна замена за Рос Баркли кој е на излезна врата, но Класен е очаен со секој настап за „карамелите“. Манеџерот кој го доведе во Премиер – лигата, Роналд Куман доби отказ, а Евертон го делат два бода од зоната за испаѓање по една одиграна третина во англиското првенство, а доживеаја елиминација во групната фаза од Лигата на Европа.

Осман Дембеле се најде во оваа група, иако тоа е така само поради неговата висина на трансферот во Барселона. „Каталонците“ исплатија околу 150 милиони евра за  младиот француски репрезентативец, кој се повреди по само два одиграни натпревари, и се уште се чека неговото враќање на фудбалските терени.

„Златното момче“ од 2016 година, Ренато Санчес по втор пат се најде на оваа листа. По мулти-милионскиот трансфер во Баерн, Санчес не се изнаигра под крилото на Анчелоти, па оваа сезона реши да оди на позајмица во Свонси. Но, не се снаоѓа ни под водство на Пол Клемент, иако стартуваше на шест средби во Премиер – лигата, од клубот, а и навивачите не се задоволни од она што досега го покажувам Португалецот.

Фудбалерот за врска на Реал Мадрид, Дани Себалјос не добива шанса во првиот тим. Наводно, причината за неговото купување е само за да не потпише за ривалот Барселона, па наместо да замине на позајмица каде би се усовршувал, Зидан инсистираше да остане да тренира со „кралевите“. Во досегашниот дел од сезоната одигра вкупно 316 минути, што го прави лут, па има желба да замине во јануарскиот преоден рок, но Перез вели не може.Патрик Шик се изгуби по преселбата во редовите на „римската волчица“. Откако му пропадна трансферот во Јуве поради здравствени проблеми, реши да ја продолжи кариерата во Рома, но мистериозна повреда го оддалечи од терените. Младиот Чех досега има забележано само 18 минути активност.

Најголемото разочарување за фановите на Манчестер јунајтед е Виктор Линделоф. Досега не покажа апсолутно ништо, Швеѓанецот е во сенка на останатите дефанзивци, Џоунс, Смолинг и Баи. Иако е платен речиси 40 милиони фунти, Линделоф никако не може да ги задоволи потребите на Мурињо, а притисокот врз него стана поголем по поразот Хадерсфилд.

Се вчитува...