„Седумка“ на Лазаров во новата победа на Барселона

Кире Лазаров беше прв стрелец на Барселона во новата победата на каталонците на гостувањето против Анаитасуна со 22-28. Македонскиот бек постигна седум гола во 29.победа на Барселона во АСОБАЛ лигата во која Барса веќе ја прослави новата шампионска титула, но останува рутински да го одиграат и последниот натпревар од шампионатот на домашен терен.

Борко Ристовски на овој натпревар не беше во игра, но уште една одлична партија имаше шпанскиот репрезентативец Гонзало Перез де Варгас со 23 одбрани на голот на Барселона.

За потсетување, Барселона ќе биде противник на Вардар во полуфиналето на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите во Келн.

Се вчитува...