„Сефте“ сезонава: Гранде Пандев ја „застрела“ Верона (видео)

Горан Пандев во единаесеттиот натпревар сезонава го постигна својот прв гол за Џенова, носејќи водство на гостувањето против Верона со погодок во самиот финиш од првото полувреме. Македонскиот ас одлично ја почна акцијата проигрувајќи го во простор Тарабт, за потоа одлично да втрча во просторот и со прецизен удар да го матира домашниот голман.

Очигледна е зголемената самодоверба кај нашиот ас по доаѓањето на тренерот Балардини, кој го врати Пандев во стартниот тим на Џенова, а овој на најдобар можен начин му возвраќа за укажаната доверба.

Се вчитува...