СЕХА лига: Пораз на Металург на гостувањето кај Целје - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
28/04/2017 10:08
Ракомет
27/04/2017 21:31
Ракомет
27/04/2017 21:15
Ракомет
27/04/2017 21:02

СЕХА лига: Пораз на Металург на гостувањето кај Целје

СЕХА лига: Пораз на Металург на гостувањето кај Целје

Металуг беше немоќен да се спротивстави на ефикансата игра на Целеј и загуби со  34-28 на гостувањето во Словенија. За избраниците на Лино Червар ова е девети пораз во 12 одиграни натпревари по кој остануваат на претпоследното место на табелата.

Макеоднскиот вицешампион иако настапи без неколку повредени играчи, во првиот дел успеваше колку толку да држи чекор со домаќинот и дваестина минути да с еодржува во егал, до последното изедначување на 11-11 со погодокот на Никола Костески во 21.минута од мечот. Но потоа Целје успеа да направи 2-3 голка предност и на одмор замина со водство лод 17-15.

Во вториот дел продолжи офанзивата на словенечкиот тим. Металург се повеќе го губеше темпото, а невообичаено несигурната игра во одбраната им овозможи на ракометарите на Горење, да ја зголемат предноста и да ја осигураат осмата победа во СЕХА со конечните 34-28.

Најголемата закана по голот на Металург доаѓаше од словенечките репрезентативци , Лука Звижеј постигна девет гола, а Блаж Јанц беше непогрешив погодувајќи осум гола од осум обиди. Кај Металург Немања Обрадовиќ постигна седум гола, Жарко Пешевски имаше пет од пет, а пет погодоци запиша и Дабвор Палевски.

Во следниот натпревар од СЕХА лигата, на 17 декември, Металург му гостува на Татран Прешов.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.