СЕХА: „Металурзите“ поразени од Мешков Брест - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Коментари
11/12/2017 12:49
Ракомет
11/12/2017 11:00
Меѓ. Фудбал
10/12/2017 19:26
Кошарка
10/12/2017 19:35

СЕХА: „Металурзите“ поразени од Мешков Брест

СЕХА: „Металурзите“ поразени од Мешков Брест

Ракометарите на Металург го доживеаја осмиот пораз во СЕХА – лигата, откако загубија на гостувањето против Мешков Брест со 31-26. Избраниците на Лино Червар немаа сили во финишот да стигнат до израмнување, иако намалија на два гола негатива (25-23). Но, потоа Мешков Брест влезе во голема серија и постигна пет гола едноподруго, разрешувајќи ги сите дилеми околу победникот.

На полувремето белорускиот тим имаше водство од 15-11, а не дозволи Металург да го загрози и во второто полувреме.

Немања Обрадовиќ беше стрелец на седум гола, а Филип Талески постигна шест погодоци за тимот на Металург. Даинис Кристопанс и Владислав Остроушко постигнаа по пет гола во дресот на Мешков Брест.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.