Селекторот Ангеловски го следеше во живо „македонскиот дуел“ во Џенова - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
28/04/2017 21:43
Фудбал
28/04/2017 20:02
Фудбал
28/04/2017 10:08
Ракомет
27/04/2017 21:31

Селекторот Ангеловски го следеше во живо „македонскиот дуел“ во Џенова

Селекторот Ангеловски го следеше во живо „македонскиот дуел“ во Џенова

Фудбалерите на Палермо синоќа ја прекинаа серијата порази совладувајќи ја Џенова на гости со 3-4, во одличен меч што го одиграа македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски. Токму во нивна продукција беше победничкиот гол за Палермо.

Овој „македонски“ дуел во Серија А го следеше и селекторот на националниот тим Игор Ангеловски. Несторовски одигра цел натпревар, Трајковски се врати со гол после долгата пауза поради повреда, а Горан Пандев доби шанса во самиот финиш во составот на Џенова.

Покрај Ангеловски, на трибините имаше и други Македонци, кои дојдоа да го проследат дуелот меѓу Џенова и Палермо, а дел од нив сакаа и да се фотографираат со нашиот селектор.

angelovski palermo 2

angelovski palermo 3

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.