Селекторот Давитков се сели во Абу Даби

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Јорданчо Давитков, најде нов клупски ангажман и својата кариера ќе ја продолжи во Абу Даби, како тренер на екипата на Банијас. Искусниот стратег минатата сезона ја мина во Дубаи, во тимот на Ал Шааб, по што доби понуда од амбициозните челници на Банијас.

Ми беше понудена и подолгорочна соработка, но инсистирав договорот да биде на една година. Верувам дека ќе продолжам со серијата добри резултати и во новиот клуб, а истовремено останувам и селектор на Македонија“ – изјави Давитков за ЕКИПА.

Селекторот на 19 ноември ќе пристигне во Скопје, за старт на новиот квалификациски циклус и пресметките со Словачка и со Швајцарија, за кои во следните денови се очекува и списокот на играчи на чии услуги Давитков ќе смета за овие два натпревари.

Се вчитува...