Селими: Што да кажам? Требаше да покажеме на теренот... - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Коментари
20/11/2017 12:12
Кошарка
20/11/2017 11:26
Кошарка
20/11/2017 10:23
Фудбал
19/11/2017 21:29

Селими: Што да кажам? Требаше да покажеме на теренот…

Селими: Што да кажам? Требаше да покажеме на теренот…

Шкендија го загуби и вториот трофеј оваа сезона. По шампионската титула која му припаѓа на Вардар, Шкендија не го одбрани ниту трофејот во Купот на Македонија. Загуби од Пелистер во денешното финале во Струмица, по изведување пенали (3-4), откако по 120 минути игра немаше голови.

Тренерот Ерхан Селими е разочаран од поразот, но, сепак, му честита на противникот за освоениот пехар.

„Што да кажам? Ние требаше се да покажеме на теренот. Не успеавме да го одбраниме трофејот. Им честитам на фудбалерите и на стручниот штаб на Пелистер. Тие умешно се бранеа, успеаја да се одбранат, а беа попрецизни при изведувањето на пеналите. Сепак, кога тимот нема да победи – виновен е тренерот. Јас ја преземам целата одговорност. Имав шест дена како главен тренер да го подготвам тимот, мислам дека ги избрав најдобрите, но не успеавме да постигнеме погодок за да оствариме триумф. Уште еднаш, честитки за Пелистер, а ние ќе ги анализираме нашите грешки во наредниот период“, изјави Ерхан Селими на прес – конференцијата по финалето.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.