Семејството Ѓоковиќ ќе добие близнаци?!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена ќе добијат близнаци. Неодамна беше објавено дека Јелена е повторно бремена, а српски „Курир“ открива дека семејството овојпат ќе се зголеми за два нови члена. Според информација од добро известен извор, брачната двојка Ѓоковиќ добила информација дека Јелена е бремена со близнаци, а тие треба да дојдат на свет во август.

Новак и Јелена Ѓоковиќ се венчаа во јули 2014 година, а три месеци подоцна го добија синот Стефан.

Се вчитува...