Сениорско деби на Димитријевиќ, и тоа против големата Барса - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
28/05/2017 18:29
Ракомет
28/05/2017 14:54
Ракомет
28/05/2017 11:41
Ракомет
28/05/2017 0:45

Сениорско деби на Димитријевиќ, и тоа против големата Барса

Сениорско деби на Димитријевиќ, и тоа против големата Барса

Серијата добри игри во младинските екипи на Хувентуд овозможија Ненад Димитријевиќ денеска да добие шанса и во сениорскиот тим на шпанскиот прволигаш, и тоа ни помалку ни повеќе, туку на големото локално дерби против Барселона. Младиот плејмејкер, кој е предводник на нашите младински национални селекции, ја доби довербата на тренерот на Хувентуд за настап против каталонскиот гигант, уште еднаш покажувајќи дека пред него е блескава иднина.

Тој не беше само гледач од клупата, туку одигра 12 минути против големите ѕвезди на каталонскиот гигант. За ова време, Димитријевиќ постигна три поени (1/1 за тројка, 0/2 за два поени) и една асистенција. Целиот тим на Хувентуд се прикажа во одлично светло, а Барса едвај стигна до минимална победа од 79-77.

За очекување е ова да биде само прв од многуте сениорски натпревари за младиот македонски ас во шпанската Ендеса лига, каде Хувентуд го очекува тешка битка за опстанок бидејќи тимот од Бадалона во досегашните 13 кола забележа три победи и десет порази.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.