Сензација на Галатасарај, ЦСКА „падна“ во Баскија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Кошарка
26/07/2017 17:12
Фудбал
25/07/2017 22:15
Фудбал
25/07/2017 22:59
Фудбал
25/07/2017 22:28

Сензација на Галатасарај, ЦСКА „падна“ во Баскија

Сензација на Галатасарај, ЦСКА „падна“ во Баскија

Галатасарај го приреди најголемото изненадување во Евролигата, откако на гостински терен го шокираше составот на Олимпијакос со 71-80. Избраниците на тренерот Атаман играат многу подобро во вториот дел од сезонава, па иако немаат шанси за пласман во четвртфиналето продолжуваат да земаат „скалпови“ на фаворити. Олимпијакос делуваше сигурно откако ја доби првата четвртина со 27-14, но Галата направи неверојатен пресврт со одлична игра во второто полувреме, добивајќи ги овие 20 минути со 23-45 и стигнувајќи до оваа сензационална победа. Мицов со 18 поени повторно беше стрелец на Галатасарај, а пресудна беше одличната одбрана врз Спанулис, принудувајќи го најдобриот кошаркар на Олимпијакос на шест загубени топки.

ЦСКА Москва не успеа да го искористи „киксот“ на Реал Мадрид, откако и рускиот гигант загуби во ова 26. коло, и тоа на гостувањето во Шпанија против Басконија со минимални 79-78.  Европскиот шампион со двете тројки на Теодосиќ во последните две минути се врати во мечот, па дури и поведе со 77-78, но Ларкин го погоди последниот шут за Басконија. ЦСКА имаше шанса за победа, но Де Коло не беше прецизен, а потоа по офанзивниот скок Аугустин несмасно ја продаде топката во обид за додавање до Теодосиќ, па победата остана во Баскија. Де Коло постигна 22, а Теодосиќ 19 поени за ЦСКА Москва, но и тоа беше недоволно за да се слави против Виторија, во чии редови најефикасни беа Ханга со 15 и Ларкин со 12 постигнати поени.

Барселона и дефинитивно ги загуби шансите за четвртфинале откако загуби со 67-56 во Истанбул против Дарушафака. Каталонскиот гигант одигра очајна втора четвртина што ја загуби со 32-9, по што тимот предводен од Барцокас во второто полувреме се приближи, но немаше сили за целосен камбек. Клибурн со 15 поени беше прв стрелец на Дарушафака, во чии редови повторно одличен беше Жижиќ со 10 поени и 13 скокови.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.